ЗА НАС

Зрак  (Zrak)  е фирма основана со сопствен капитал во 1990 година.

Од самиот почеток на нашето работење, се грижиме за квалитетот на производите што ги нудиме да бидат по прифатливи и конкурентни цени. Брзото темпо што го наметнува информатичкото општество, ни налага компанијата, како дел од бизнисот, постојано да се прошируваме, менуваме, усовршуваме и да бидеме во чекор со желбите и потребите на клиентите.

Во 2001 година започнува со работа и подружницата Атлантида компјутери лоцирана во Бизнис центар, која се истакнува со својата улога и сервис.

Имаме сопствен увоз на компатибилни тонери, опрема за видео надзор и алармни системи со врвен квалитет од брендирани фирми од Кина. Вршиме продажба и сервис на ИТ производи како сервери, мрежна опрема, десктоп компјутери, преносни компјутери, компоненти и аксесоари за компјутери, софтвер, принтери, плотери, хартија и др. Вршиме проектирање и изведба на системи за видео надзор и алармни системи за Вашиот дом или компанија, проектирање и изведба на системи за евиденција на работно време.

Наша основна цел е задоволување на барањата на нашите партнери и крајни корисници, а тоа го постигнуваме преку брза комуникација, решавање на проблемите во однос на барањата и преку квалитативни повратни информации на барањата на деловните партнери и крајни корисници. Ќе продолжиме со проширување на дистрибутивната мрежа и спектарот на производи кои ги нудиме, бидејќи нашите деловни партнери имаат посебни бенифиции како: заштита на цени, висок квалитет на услуги и сл.

Бидејќи Вашата доверба ни е е од големо значење, во иднина ќе го задржиме стандардот на квалитетот и упорно ќе работиме на постојано усовршување на нашата работа во сите сегменти.

Македонски јазикShqipEnglishTürkçe